Да, Венко Филипче е фантастичен, но знаете ли кој е виновен за тоа?

Објавено на 20.03.2020 во 14:07:19 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Венко Филипче е најдобриот министер за здравство кој сме го имале. Смирен, со челични нерви, интелигентен, вреден, самиот успешен доктор, значи поткован со знаење, поштен затоа што има се што треба да има како успешен доктор но и самиот син на поранешен успешен доктор и министер, значи си има и вила и куќа и стан и заштеда и нема потреба да краде...

Истото можеме да го кажеме и за Никола Димитров, убедливо најдобар министер за надворешни досега.

Мила Царовска е вистинскои откровение во социјалната политика.

И Стево Пендаровски, најдобар претседател што сме го имале досега, дури и подобар од Киро Глигоров, кој не беше идеалот каков што сега од него се прави мит...

Радмила во одбраната е како стуб од оние на Нова Железничка што се со 2 метра пречник.

И Петре Шилегов е најдобар градоначалник на Скопје до сега... И Бочварски е најдобар градоначалник на Штип до сега...

И многу такви примери има во земјава, што градоначалници што министри...

Кој е виновен за сето тоа? Епа освен самите тие секако, виновен е и селекторот кој ги одбрал и ги поставил на тие места. А претходно менаџирал битка за победа на претходната постава за овие новите воопшто да имаат прилика да седнат на тие столчиња.

Така да овие денови кога ќе фрлате пофалби кон Венко и останатите имајте го на ум и името на Зоран Заев, човекот кој е виновен за се што добро функционира во земјава.

Ако по нешто беа слаби дури и сами си признаваа сите претходни премиери, и Љубчо и Бучко и Бранко и Грујо, Заев ја нема таа фалинка како политичар.

Соврешно добро знае да процени човек и да му даде шанса, ретко кој негов кадар не има разочарано и изневерено!

Обично е обратно!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија