Два силни земјотреси го погодија Загреб утрово, оштетени згради, има повредени

Објавено на 22.03.2020 во 09:10:28 часот | Балкан

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди утрово Загреб во 6:24 часот, проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е лоциран на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри.

Вториот земјотрес се случи во 7:01 часот и неговата јачина, според првичните податоци, била пет степени по Рихтеровата скала, јави Хина.

Загреб се тресел десетина секунди, а луѓето панично излегле на улиците. Вести за предизвикана материјална штета доаѓаат од целиот град и околината, соопшти загрепски „Јутарњи лист“.

Во некои делови на Загреб, кус период беше прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Уништени автомобили, паднати покриви, оштетени згради, има и повредени. Паднат е и врвот на катедралата во центарот на градот.

FOTO: Jutarnji.hr/Printskrin

Хрватските медиуми објавуваат од минута во минута за состојбата и штетите предизвикани од силниот земјотрес. Од Градското биро за управување во итни случаи на Загреб, апелираат до граѓаните да не влегуваат во домовите, да останат надвор.

 

 

loading...

 

Балкан

Македонија