Драги мои ВМРОВЧИЊА, сфаќате ли сега колкаво е епско и колосално срањето што го направивте со 1 милијарда евра позајмени спичкани на Скопје 2014-та и уште 1 милијарда на други глупости, сега кога ни треба за лекови нема да може да се позајмиме!

Објавено на 22.03.2020 во 12:53:37 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ете сега ќе се види колку скапо ќе не чини Скопје 2014-та и останатите глупости на ВМРОВЦИТЕ, платени со позајмени пари при што за 10 години јавниот долг рипна од 20 на 50% од БДП.

Сега кога ќе ни требаат пари за многу поважни работи, како лекови и храна во кризата во Корона нема да може да се позајмиме затоа што сме го достигнале високиот праг за земја како нашата со низок кредитен рејтинг.

Друго е да се позајмува САД, Русија, Германија, Јапонија, Франција или Кина кои имаат голем кредитен рејтинг како светски велесили кои постоеле и постојат со векови со многу ресурси и можности да ги вратат парите што ќе ги позајмат, они може да идат и до 200% од БДП, но ние сме сосема друга приказна.

На пример ако не и успее на Нина Ангеловска да ја продаде евро обврзницата од 400 милиони евра ова лето, ќе немаме ниту за плати ниту за храна есенва кога ќе кулминираат последиците од Корона кризата ако не дај боже болеста се задржи неколку месеци, наместо она што се очекува 1 до 2 месеци.

Сега ќе се види колку було СУЛУДО да се позајмуваат толкави пари за глупости и да се стави земјата во ситуација да нема РЕЗЕРВЕН ПАДОБРАН во вакви ситуации, но народот ќе плука по СДСМ нема да му текне дека ВМРО ДПМНЕ не има заебано, а што е најстрашно и самото ВМРО ДПМНЕ ќе плука по СДСМ бегајќи од одговорност за своите злодела.

Но такви се они, 30 години се такви лешпери, само бељи и зулуми од нив, ништо корисно, ништо вредно, никаков аир!!!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија