БРЕJ БРЕЈ БРЕЈ ШТО НАПРАВИВМЕ БЕ ДРУЖЕ ЗОКИ, РАДМИЛА, ОЛИВЕР, ДИМИТРОВ И ОСТАНАТА АРМИЈА БОРЦИ, ВО НАТО ВЛЕГОВМЕ, СО ЕУ ПОЧНУВАМЕ ПРЕГОВОРИ, АЈДЕ ЗДРАВЈЕТО НЕКА НЕ ЧУВА СО МНОГУ ТРУД ПА ЗА 5 ГОДИНИ ДА ВЛЕЗЕМЕ И ВО ЕУ, САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ НА ОНА ШТО МОЖЕМЕ АКО ГИ ЗАСУКАМЕ РАКАВИТЕ И ГО ОТВОРИМЕ УМОТ!

Објавено на 24.03.2020 во 15:16:52 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ееееј каква година човече. 2020-та ќе биде златна година за оваа земја!

Станавме членка на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ. Кој можеше ова да го замисли само пред неколку години кога во 2017-та биевме битка со Груевци во собрание и земјата за малце ќе заглибаше во граѓанска војна.

Толку бевме далеку, не од НАТО и ЕУ, туку од северно афричка унија, како земја ќе се распадневме...

Но сега се е поинаку! Сега има разлика! Веќе сме земја која наличува на сериозна земја со државници кои знаат што прават и не се шарлатани.

За толку кратко време да ја извадиш земјата од амбис и да ја ставиш на масата на НАТО со 30 светски лидери во најмоќниот воен сојуз а сега почнуваме да преговараме и за влез во најголемиот и најбогатиот економски сојуз во светот!

Па како ова да не биде причина за гордост и радост?!?! Како да не бидеме горди и среќни на она што го постигнавме?!

Друже Зоки, Радмила, Димитров, Спасовски и цела останата бригада борци, навистина стигнавме далеку а има уште за марширање!

Со отворен ум у многу работа можеме да постигнеме многу, само небото е лимит!

АЈДЕ САМО НАПРЕД, КАКО ДОСЕГА ПА ДУРИ И ПОДОБРО!!!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија