КОРОНАТА НЕ СТИВНУВА ВО ЗЕМЈАВА: НОВИ 29 СЛУЧАИ, ЗА ПРВ ПАТ БОЛЕСТА СЕ ПОЈАВИ ВО ВЕЛЕС И ПРИЛЕП!

Објавено на 25.03.2020 во 12:49:12 часот | Македонија

 
Почитувани,
 
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).
 
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
 
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје – 108
- Дебар (41) – 1 починат
- Куманово (11) – 1 починат
- Штип (7)
- Велес (3)
- Кавадарци (2)
- Охрид  (2)
- Прилеп (2)
- Гостивар (1)
 
 
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk

 

 

loading...

 

Македонија

Свет