Димитров: Пет илјади граѓани побарале да се вратат во земјава, половина се согласиле на карантин

Објавено на 25.03.2020 во 16:15:25 часот | Македонија

Пет илјади македонски граѓани кои се наоѓаат надвор од државата побарале помош од Министерството за надворешни работи да се вратат дома – до крајниот рок за пријавување на 22 март 2020 година. Како што изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Телма, досега се обработени 4.000 од пријавите, а 2.100 граѓани се согласиле со поставените услови и ќе се вратат организирано.

-Имаме 5.000 македонски граѓани кои бараат помош да се вратат дома. Нашите луѓе се јавуваат на секој поединечно да им кажат дека заради кризата ќе треба да имаат извесен надомест за трошоците за чартер летот и дека треба да прифатат да поминат 14 дена во карантин, кој го покрива државата. Досега имаме обработени 4.000 пријави и утре ќе заврши овој процес. Од тие, 2.100 граѓани се согласуваат со условите. Ние нема да имаме ресурси да организираме чартер летови бидејќи имаме по еден граѓанин што се пријавил во Тајланд, во Нов Зеланд. Пред се ќе одиме во земјите каде што има голема концентрација и најмногу барања, како што се европските земји – рече Димитров.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет