БОМБА НА САШО ОРДАНОВСКИ: Нивата на Заев годинава богато роди, Македонија отвора и преговори со ЕУ, во истиот месец кога го потпишавме пристапувањето во НАТО! Се претера родот во амбарот!

Објавено на 25.03.2020 во 17:42:26 часот | Македонија

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

Беше тоа една долга и тешка сезона на сеидба. Ни дожд, ни сонце кога треба, а и семето повремено влажно, понекогаш суво, со многу мака да се просее и од него да се извади каколот, тоа ливадско сино-црвено цветче со отровно семче… И не е дека и сега по нешто не ни чкрипи под забите.

Ама, како што велат, „Што си сеел, тоа ќе жнееш“ – „нивата“ годинава богато роди, Македонија отвора и преговори со ЕУ, во истиот месец кога го потпишавме пристапувањето во НАТО! Се претера родот во амбарот!

Политичка флоскула е да се каже дека „сите сме заслужни за тоа“. Не сме. Ова историско достигнување си има неколку имиња и презимиња кои го изнесоа товарот на свои плеќи и на свој ризик, а ние, повеќето други, главно навивавме од трибините, збунети и разочарани кога примавме „голови“, засипнати и вчудовидени кога го „израмнувавме“ резултатот, додека во самите продолженија не обезбедивме победа. Тој тим си има свој капитен и неколку голгетери кои ќе си останат запишани во македонската историја и кога другите, „мила моја“, одамна ќе нè покрие „рузмарин, сњегови и шаш“.

А за да биде приказната комплетна, одлуката на ЕУ за отворање преговори со нас веднаш беше и „оверена“ со седумдесетина милиони евра за земјава, вонредна и итна помош за справување со вирусната епидемија кај нас. „Бељата“ никогаш не оди сама.

Додуша, некои други, во меѓувреме, сееја едно друго „семе“…

Колку само напори се вложија тој евро-атлантски пат да се блокира! Практично, до некни. Тие и сега се збунети и шокирани од развојот на настаните – европските министри едногласно и безусловно препорачуваат отворање на преговори со Македонија!

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет