АКО ВИ ТРЕБА ПОМОШ НА ТЕРИТОРИЈА НА СКОПЈЕ, ЕВЕ НА КОИ ТЕЛЕФОНИ ДА ВРТИТЕ

Објавено на 25.03.2020 во 17:53:55 часот | Македонија

По препораките од Владата на
Република Северна Македонија и Министерството за здравство, за превенција и заштита на здравјето од корона вирусот, во соработка со
🔴 Црвениот крст, формиравме мобилни тимови кои додека траат препораките ќе бидат во служба на сите ранливи категории граѓани.
📍Од утре лицата со попреченост/инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести, за нивните потреби, за набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена ќе имаат можност секојдневно, на телефонските броеви на Црвениот крст - Кисела Вода:
☎️070/379-456
☎️ 02/3211-417, во временскиот период од 08:30 до 12:30 часот да ги контактираат тимовите кои ќе им помагаат. Сервисните услуги Општината и Црвениот крст ќе ги даваат бесплатно, додека за потребните производи и лекови граѓаните ќе треба да одвојат финансиски средства.
➡️Изминатиов период со цел да го
намалиме ризикот од инфицирање со вирусот Ковид-19 (корона вирус) презедовме бројни мерки за заштита на нашите жителите и вработени.
Уште еднаш апелирам до граѓаните
за почитување на препораките на Владата и Министерството за здравство, за
заштита од корона вирусот.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет