КОРОНАТА НЕ ЗАПИРА, ЗА ПРВ ПАТ ЗАБОЛЕН ВО ТЕТОВО: Регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупно 201 дијагностицирани пациенти

Објавено на 26.03.2020 во 13:47:42 часот | Македонија

 
Почитувани,
 
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани  24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.
 
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (123)
- Дебар (43) од кои 2 починати
- Куманово (15) од кои 1 починат
- Штип (8)
- Велес (3)
- Охрид (3)
- Кавадарци (2)
- Прилеп (2)
- Гостивар (1)
- Тетово (1)
 
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.
 
 
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk

 

 

loading...

 

Македонија

Свет