ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: После денешната одлука на Советот на ЕУ, нема потреба да се чека и губи време, мора Владата да се подготви за преговори и истите да почнат за два до три месеци

Објавено на 26.03.2020 во 14:27:05 часот | Македонија

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПРЕГОВОРИ И РАБОТА

Граѓанскиот и политичкиот консензус за евроинтеграциските процеси финишираше со одлука на ЕУ за започнување на пристапните преговори.

Со одлуката се прави целосен пресврт и започнува фазата на усвојување и имплементирање на стандардите на Европската Унија, што е важно за стабилноста на државата, воспоставување систем на владеење на правото, ефикасна борба против криминалот и реформи на судскиот систем, администрацијата и службите за безбедност.

Во изминатите триесет години направени се многу реформи, многу непринципиелни отстапки и компромиси, носени се тешки и одговорни одлуки, променето е и името на државата, се со цел да се отворат перспективи за развој и подобар живот за сите.

После денешната одлука на Советот на ЕУ, нема потреба да се чека и губи време, мора Владата да се подготви за преговори и истите да почнат за два до три месеци. Во тимовите треба да бидат вклучени сите креативни кадри, професионалците, науката, граѓанскиот сектор и медиумите.

Овој процес е од национално и стратешко значење и затоа треба да се обединиме и истиот да го забрзаме за да се почувствуваат позитивните ефекти.

Македонија живее во вонредна состојба, на сила се мерки кои мораме да ги почитуваме и нивното траење зависи од сите нас. 

Овој невидлив и опасен непријател ќе го победиме, суштината е во тоа, да се плати помала цена.

 

Ви благодариме за соработката.

Скопје, 26.03.2020 годинa

Демократски сојуз

 

 

loading...

 

Македонија

Свет