ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШУТКА БАРА НАЌЕ ЧУЛЕВ ДА ИМ СЕ ИЗВИНИ НА РОМИТЕ ЗА КЛЕВЕТАТА ДЕКА НЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС!

Објавено на 26.03.2020 во 22:11:52 часот | Македонија

Во однос на несреќната вечерашна изјава на Техничкиот Министер за внатрешни работи, дека голем број на прекршувања на полицискиот час се регистрирани во општина Шуто Оризари, сакам да ја информирам јавноста дека согласно податоците на полициското одделение во Шуто Оризари, изминативме 5 дена откако е стапен во сила полицискиот час нема НИТУ една пријава против граѓанин кој го прекршил полицискиот час.

Го молам г-дин Наќе Чулев да се извини на сите граѓани на нашата општина и во иднина да пренесува информации со бројки а не претпоставки базирани на минато искуство од режимот кога Шутка им беше "дежурен кривец", користејќи го методот на помал отпор и "влечење за уши еден по еден".

Во вакви времиња најмалку што ни треба е дополнителна изолација, стеротипизација и манипулација со бројки на наш грб!

 

 

loading...

 

Македонија

Свет