СУГАРЕВСКИ: СЛУШНЕТЕ МЕ ДОБРО, НЕ МИ ГО ЧЕПКАЈТЕ СЕМЕЈСТВОТО, ЕМ ШИРИТЕ ПАНИКА, ЕМ СИ ТЕРАТЕ ПАРТИСКИ ПРЕСМЕТКИ

Објавено на 26.03.2020 во 22:23:14 часот | Македонија

На социјалните мрежи се шири лажна вест дека постои можност присутните на една од Осмомартовските забави во ресторанот „Порта“ од Прилеп, да биле заразени со коронавирусот. Во приказната го вклучуваат и Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) од Прилеп, кој наводно, апелирал до присутните на Осмомартовските забави – да се самоизолираат. Бескрупулозно е искористено името од институцијата – ЦЈЗ, за лажната вест да добие на уште поголема тежина.

Уште истиот ден од Центарот за јавно здравје категорично демантираат дека имаат издадено било каков апел за самоизолација на присутните во ресторанот.

Министерот Сугарески, кој е во роднинска врска со еден од косопствениците на ресторанот „Порта“, на сејачите на паника и лажни вести, преку Фејсбук им порачува:

„Некој си игра со здравјето преку лажни вести. Ем шират паника во Прилеп ем си тераат партиски пресметки, додека сите државни и општествени капацитети се впрегнати во справување со пандемијата од „Ковид 19”.

Слушнете ме добро!

– Мене може да ме критикувате колку сакате, јас сум јавен службеник платен со народни пари и обврска ми е да трпам неосновани критики и да се бранам како знам и умеам, но не го чепкајте моето семејство, кое не е ни криво ни должно за мојата политичка активност. Тешка лага е дека Центарот за јавно здравје во Прилеп предупредил присутни на некаква забава во „Порта” дека се потенцијално заразени од вирусот и треба да се самоизолираат. Ако не дај боже тоа беше вистина, менаџментот на „Порта“ самиот прв ќе објавеше дека постои ризик за здравјето на посетителите, како општествено одговорни чинители и вредни угостители со образ и чест. Оваа пандемија еднаш ќе заврши, како и нашите политички кариери, ќе дојде време да се погледнеме во очи. Злобата никому не носи добро. Грев е кога луѓето се преплашени за здравјето, a некој се служи со подмолни трикови смислени во партиски кујни! Баталете политика, вирусот не разликува ни етникум, ни вера, ни партиска припадност!

Кругот е мал, а во него сме сите!“, напиша Горан Сугарески на својот Фејсбук профил.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет