Анѓушев: Сега треба економијата да ја одржиме во живот да не ни умре, а после да ја лекуваме

Објавено на 26.03.2020 во 23:00:18 часот | Македонија

Економијата сега треба да ја одржиме жива, па после кризата да ја лекуваме, смета довчерашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Исто како и пациентите, ние прво треба да ги одржиме живи, а нема да останат значи неповредени, ќе бидат секако повредени… И економијата ќе биде повредена, но да може после тоа да закрепне и да се лекува, бидејќи ако компаниите умрат, да речеме фигуративно, после тоа нема никаков лек на таква состојба – рече Анѓушев за ТВ 21.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет