МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ОБЈАСНУВА: ТЕСТОВИТЕ ЗА КОРОНА СЕ НАБАВЕНИ ПО 1200 ДЕНАРИ, ФОНДОТ ГИ ПЛАЌА ПО ДРГ МЕТОДА ПО ЦЕНА ОД 5000 ДЕНАРИ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ВО КОЈА ЦЕНА СЕ ВКЛУЧЕНИ И ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ И РЕЖИСКИТЕ СМЕТКИ ЗА ОБЈЕКТИТЕ

Објавено на 26.03.2020 во 23:44:09 часот | Македонија

 
Почитувани,
 
Во однос на објавениот текст на порталот А1.он со наслов: Државата тестирањето го плаќа три до четри пати поскапо од приватните болници. https://a1on.mk/macedonia/drzhavata-testiranjeto-za-koronavirus-go-plakja-tri-do-chetiri-pati-poskapo-od-privatnite-bolnici/ Министерството за Здравство сака да ја информира јавноста за следното.
 
Цената на набавката за тестовите е 1200 денари од тест. Министерството ги набави овие тестови во регуларна јавна набавка по нормална пазарна цена. Сумата од 4950 е цена по која Фондот за Здравство од Институтот, односно Центарот за јавно здравје ја купува услугата земање брис, во која цена се вградени и платите на луѓето и сите други трошоци на институтот како одржување на опрема и сл. За пресметка на оваа цена има јасна методологија по таканаречени Дијагностички сродни групи - ДСГ (DRG method) која се пресметува вредноста на услугата во фондот. И по оваа методологија се пресметуваат сите услуги кои ги плаќа Фондот ги купува од јавно здравствените установи обезбедувајќи бесплатно здравство за граѓаните.
 
 
 
Со почит,
Одделение за односи со јавностa
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk

 

 

loading...

 

Македонија

Свет