КАКВА ГОЛЕМА БРУКА ПУКНА ВО ЈАВНОСТА - ВМРО ДПМНЕ СОГОЛЕНИ ДО ГОЛ ГАЗ: Уредбата за укинување на парите за партиите е готова, ВМРО-ДПМНЕ условува

Објавено на 26.03.2020 во 23:53:23 часот | Македонија

Подготвена е уредбата со законска сила со која треба да биде укинато годишното финансирање на политичките партии, односно оние 4,5 милиони евра кои треба да им се исплатат оваа година.

Ова денеска во изјава за „Независен“ го потврди министерката за правда Рената Дескоска, која во неделата ја најави уредбата преку својот фејсбук профил, нагласувајќи дека се надева оти сите партии ќе ја поддржат. Уредбата, вели Дескоска, ќе се разгледа во пакет со сите антикризни мерки.

СДСМ веќе се откажа од овие средства, ДУИ засега официјално молчи, ВМРО-ДПМНЕ условува. Опозицијата ќе се сложи со предлогот, ама првин министрите да се откажат од платите.

Лидерот на партијата Зоран Заев, рече дека СДСМ  се откажува од парите со цел да се пренаменат за зајакнување на здравствената заштита.

„Солидарноста треба да ја имаме како никогаш порано и парите не треба да одат во политичките партии, треба да одат кај граѓаните и СДСМ се откажа од тие пари“, рече Заев, нагласувајќи дека за било која партија па и за ДУИ која формално и натаму е коалициски партнер не може да коментира како ќе се постави кон ова прашање.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, деновиве рече дека ќе го поддржи предлогот, ама и министрите, замениците и државните секретари да работат без никаков надомест.

„Намерата на министерката Дескоска не е да заштеди пари во буџетот. ВМРО-ДПМНЕ и претходните и овие избори ќе ги дочека како единствена партија во Европа со незаконски замрзнат имот и без исплатени пари за функционирање. И се снаоѓаме на начин на кој се снаоѓаме. Намерата на Дескоска е поинаква. Јас ќе ја поддржам, но  ја мотивирам нејзе и нејзиниот зет за сестра кои имаат енормно високи примања, како и останатите министри во владата, додека им трае мандатот да работат про боно“, рече Мицкоски.

Од ДУИ засега официјално молчат. Извори од партијата, која остро се спротивстави на предложената мерка за минимална плата во администрацијата за месеците април и мај, првично брифираа дека е „несериозен пристап во многу сериозна ситуација“.

Политичките партии, според Законот за финансирање на политичките партии кој го донесоа во јули 2018 година, наместо 0,06 осто сега добиваат 0,15 отсто од државниот Буџет. Во конкретни бројки, тоа се од 4,5 милиони до 5 милиони евра, во зависност од годишниот буџет, наместо дотогашните 1,8 милиони евра.

Најголем дел од овие средства или 70 отсто од овие средства обезбедени од државниот буџет добиваат партиите што освоиле пратеници или советници на последните избори, пропорционално со бројот на пратениците или советниците што победиле. Останатите 30 отсто рамномерно ги делат сите политички партии што освоиле најмалку 1 отсто од гласовите на последните парламентарни или локални избори.

Покрај тоа, државниот буџет предвидува уште по околу 280.000 евра за годишно финансирање на истражувачко-аналитички центри на политичките партии што функционираат како дел од внатрешната организација на партијата.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет