ГОРАН СДК: Дали сте свесни дека во два последователни дена нам ни се случува историја? Дека живееме историски моменти за нашата држава?!

Објавено на 27.03.2020 во 20:11:31 часот | Македонија

Знаете ли дека веќе влеговме во НАТО? Знаете ли дека дека ќе почнеме преговори за влез во Европската унија? Дали сте свесни дека во два последователни дена нам ни се случува историја? Дека живееме историски моменти и тоа во време кога цел свет се соочува со најголената криза после Втората светска војна?

Се случи да не можеме овој историски настан да го прославиме заедно. Ама, ионака секогаш излегувало нешто поради што сме доцнеле. Ќе доцниме и со прославата. Што не е причина да не се радуваме уште денеска.

Јас се радувам. Ова го чекав повеќе од триесет години. Приватно. И професионално.

Се сеќавам дека уште како новинар-почетник во „Вечер“, есента 1989 година ме испратија да известувам од Конгресот на Социјалистичката младина на Словенија. Цел Порторож беше излепен со плакатите „Еуропа здај”. Тоа беше мотото на словенечката младина, иако СФРЈ сѐ уште беше жива, макар што веќе многу  нездрава.

Тоа „Еуропа здај“ ме прогонува сите овие 30 години. Целата моја професионална кариера е поврзана со тој слоган. Европа сега.

Каде бевме и каде дојдовме.

  • Во јануари 1992, Арбитражната комисија составена од претседателите на уставните судови на земјите-членки на тогашната Европска заедница, таканаречената Бадинтерова комисија, донесе заклучок дека Македонија ги исполнува условите за признавање како независна држава.
  • Во јуни 1992, Европската заедница усвои Лисабонската декларација со која земјите-членки се обврзаа никогаш да не ја признаат државата што го има зборот „Македонија“ во своето име.
  • Во декември 1992, на Самитот на Европската заедница во Единбург, Велика Британија успеа да ја поништи Лисабонската декларација и да го пренесе проблемот со признавањето на независна Република Македонија во Обединетите нации.
  • Во април 1993, поради противењето на Грција, станавме членка на ОН под привремената референца „Бивша југословенска Република Македонија“.
  • Во декември 1993, Собранието на Република Македонија ја усвои Резолуцијата за пристапување на Република Македонија во НАТО.
  • Во октомври 1995, со Привремената спогодба потпишана по грчкото ембарго го сменивме и знамето и делови од Уставот.
  • Во април 1999, на Самитот на НАТО во Вашингтон, Македонија официјално стана земја-кандидат за членство во Алијансата.
  • Во 2004, САД нѐ признаа под уставното име.
  • Во 2008, и покрај напорите на САД не успеавме да влеземе во НАТО поради ветото на Грција.
  • Во меѓувреме, под уставното име нѐ признаа 137 земји, но ни со привремената референца не можевме да влеземе во ЕУ и НАТО.
  • Дури ни пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг во декември 2011, не помогна да се тргне ветото на Грција за ЕУ и НАТО.
  • На 17 јуни 2018, потпишан е Преспанскиот договор со кој се отстрани грчката блокада на нашиот пат кон ЕУ и НАТО.
  • На 26 март 2020, Европскиот совет одобри Северна Македонија да ги почне пристапните преговори за влез во ЕУ.
  • На 27 март 2020, Северна Македонија стана 30. членка на НАТО.
  • На 30 март, 2020 знамето на Северна Македонија ќе се вее пред седиштето на НАТО.

Kолумната на Горан Михајловски во целост.прочитајте ја тука

 

 

loading...

 

Македонија

Свет