Алкалоид го зголемува производството на „Дезинтал“, директорот Мукаетов апелираше до граѓаните да не трупаат залихи затоа што лекови и медицински материјали ќе има непречено во аптеките и болниците

Објавено на 27.03.2020 во 21:58:29 часот | Македонија

Првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов во денешното гостување на ТВ 24 порача граѓаните да бидат спокојни, бидејќи лекови има доволно. Што се однесува до недостатокот на средството „Дезинтал“, од денеска е почнато зголемено производството.

-Ги пренаменивме машините за производство на шампони. Од денеска почна производството на дезинфециенси, односно најбараниот продукт Дезинтал. Ќе се работи и во сабота и во недела и од понеделник, целата ситуација со дезинфециенсите на територијата на нашата држава очекувам да се стабилизира – истакна Мукаетов.

Тој нагласи дека во однос на лековите, граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи компанијата има сериозни залихи.

„Значи, од аспект на лекови, дезинфециенси, раствори за дијализа и инфузиони раствори, тоа се четири групи производи кои Алкалоид ги произведува, со сигурност можам да кажам дека нив ќе го има. Ние сме домаќинска компанија и имаме доволно залихи. Но, би сакал да апелирам до граѓаните да не трупаат непотребни залихи, бидејќи имаме доволно. Да покажеме емпатија и солидарност и да купуваме толку колку што ни треба, за навистина да има за сите“, – додаде Мукаетов.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет