КОРОНА НЕ БИРА, ГАЗИ СЕ ПРЕД СЕБЕ: ПОЧИНА ЗАМЕНИК АМБАСАДОР НА БРИТАНИЈА ВО УНГАРИЈА, СЛАВНИОТ ЕНРИКЕ ГО ИЗГУБИ СВОЈОТ ОЧУВ!

Објавено на 27.03.2020 во 22:14:32 часот | Македонија

Шпанските медиуми јавија дека починал очувот на поп-пејачот Енрике Иглесијас. Осумдесет и тригодишниот Карлос Фалко бил хоспитализиран минатата недела, но, за жал, ја загубил битката со коронавирусот.

Недолго потоа се огласи и Енрике со емотивна фотографија на својот инстаграм-профил.

„Минуваме низ многу тежок период и оваа ситуација зафати голем број луѓе, вклучувајќи го и моето семејство. Време е да останете дома и да се грижите за своите сакани. Ви испраќам силна прегратка и се надевам дека ќе се видиме наскоро. Разведрете се“, порача Иглесијас.

Почина заменик шефот на мисијата во британската амбасада во Будимпешта, Стивен Дик, кој беше заразен со вирусот Ковид-19, соопшти денеска Форин офисот.

Како што е наведено во соопштението, 37-годишниот дипломат починал вчера во Унгарија.

Дик беше заменик на британскиот амбасадор во Унгарија од декември минатата година.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет