ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛ: САШЕ ПРАШАЈ ГО ВЕНКО ШТО СО НАС НА КОИ ИМ ЗАВРШУВА ПОРОДИЛНО А ДЕЦАТА НЕМА КАДЕ ДА ГИ ЗАПИШЕМЕ, ГРАДИНКИТЕ НЕ РАБОТАТ?!

Објавено на 27.03.2020 во 23:25:31 часот | Македонија

Добар ден Саше,

Како твој редовен читател решив да побарам мала помош од тебе. Пред се не знам дали имаш право да праќаш прашања на пресовите од Владата ама сепак може и да објавиш.
 
Се работи за правна празнина во мерката за ослободување родители на деца до 10 кои се ослободени од градинка или училиште. Има многу случаи како мојата сопруга на која породилното и завршува во Април. Детето не може да го запишеме во градинка (не работат), а од работа и викаат без потврда не може да те ослободиме. Практично бебе од 9 месеци ќе треба да се чува само или еден од нас да даде отказ. Во ова време би било лудост да бараме жена да ни го чува. Дури и не верувам дека некоја ќе се нафати на такво нешто.
 
Би ти бил благодарен ако ова прашање го покренеш пред властите за да се реши оваа правна празнина. 
 
Поздрав, 
Мартин Мијовски 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет