БОМБА НА ЗАЕВ: Поради тоа што некои странски банки одбиваат да ни дадат кредит, мораме да кратиме од платите во администрација, со тоа заштедуваме милијарда денари месечно

Објавено на 27.03.2020 во 23:44:28 часот | Македонија

Останувам на одлуката за воведување на мининална плата на цел јавен сектор како и на сите мерки што ги предложив како лидер на СДСМ, но конечната одлука ја носи владата, рече екс премиерот Зоран Заев во интервјуто за 360 Степени.

-Кратењето на плати во администрацијата е заради солидарноста, но и заради потреба. Веќе скративме непродуктивни трошења од 7 и пол милијарди денари. Преку намалување на платите во администрацијата, се заштедуваат милијарда денари месечно, но треба да се знае дека тие пари не одат на друго место туку пак остануваат во институциите. Скративме се што е непотребно, за коли, мебел…  – рече Заев.

Тој појасни дека, според песимистичкото сценарио, реализацијата на буџетот може да се сведе на 30-40 проценти, што значи дека ќе биде потребно да се обезбедат над 2 милијарди евра за да се обезбедат пари за покривање на проектираните расходи.

-Постапките за задолжување ги почнавме во март и првично бараме 600 милиони евра. Факт е дека пари ќе недостигаат, бидејќи големите пари ги земаат големите држави. Некои странски банки одбиваат да дадат позајмици. Сепак, ние првично бараме пари надвор, ако ги оптеретиме домашните банки тие ќе имаат помалку пари за фирмите – истакна Заев.

Тој посочи дека пакетот од 200 милиони евра за помош на стопанството и работниците што го најави е најголем по глава на жител.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет