Фактор дознава: Ќе се олеснува плаќањето и кај брзите кредити

Објавено на 27.03.2020 во 23:57:50 часот | Македонија

На состанок во Министерството за финансии денеска финансиските друштва во земјава соопштиле дека и тие ќе даваат олеснувања за клиенти кои имаат проблеми да ги платат кредитните рати. 

Конечната верзија на тоа кои ќе бидат измените, ќе бидат доставени до Министерството во текот на утрешниот ден. Според информации на Фактор, ќе има олеснувања во смисла на репрограмирање на кредитите со поповолни услови, но не и замрзнувања на плаќањата.

Финансиските друштва ги одобруваат таканаречените брзи кредити, но тие не се финансираат со прибирање депозити како што тоа го прават банките, туку имаат свои извори на финансирање. Во моментов и тоа им било ограничено.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет