(ВИДЕО) ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД: АКО ФАТАМ ДА РУШАМ, ЌЕ МЕ УБИЈАТ, ВЕЌЕ ДОБИВ ЗАКАНИ!

Објавено на 29.03.2020 во 13:39:54 часот | Македонија

Тема на денешната емисија „Стадион – Парадокс“ беше „Охрид со бизнисите на Нефи Усеини влезе во извештајот на ЕК во делот на корупцијата“, на оваа тема во „Стадион“ зборуваше градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.

На прашањето дали повеќе има цркви или пак дивоградби во Охрид, градоначалникот Геогриески рече дивоградби многу повеќе со оглед на предмети кои ги имаат во делот на урбанизмот како барања за легализација, а бесправно изградени објекти се околу 16.000. Тој вели дека тоа не мора да значи дека сите се бесправно изградени објкети, затоа што некои од нив се доста стари и не биле впишани во катастарските книги.

Според извештаите на невладиниот сектор, најкритични точки во локалната самоуправа за корупција се градоначалниците, инспекторите и раководителите на сектори.

„Тие се тие, кои носат одлуки, раководните функции но спрегата на урбаната мафија и нелегални комбинации кои што се прават, најчесто е со службите. Откако ќе се завршат работите, целиот предмет кога ќе дојде на потпис кај градоначалникот предметот е чист, само да се верификува одобрението“, вели Георгиевски.

Со последниот мораториум одлуката беше испратена од службата за поддршка на Советот. Еден ден пред одржување на седницата испратен е предлог одлуката  спремена од општината. Претставниците од Министерството за животна средина и култура имале забелешки  и инсистирале на состанок со градоначалникот.
„Тие дојдоа во среда, а седницата беше закажана за во четврток, па ја подготвувавме заедно одлуката меѓутоа советниците од опозицијата реагираа дека многу доцна им била пратена и дека немале време да ја разгледаат. Па не помина таа предлог одлука на дневен ред, и по неколку дена закажавме друга седница и ја донесовме одлуката за времен прекин на спроведување на урбанистички планови и легализација на бесправно изградени објекти. Сега мораториумот што го имаме е до 1 ви октомври“, вели градоначалникот.

Многу пати ние сме разговарале на оваа тема, за проблемот во Охрид кој трае години наназад, меѓутоа сега дојде време да се решава. Сме правеле многу состаноци сме разговарале многу, вели Георгиевски. Тој потенцира дека нема законска можност во моментов да се одземе ингеренцијата на извршување на општината.
„Немаме проблем во инспекциските служби, како општина имаме постапено и донесени се акти, решенија за рушење и заклучоци за отстранување. Проблем имаме во извршувањето, не во инспекцискиот надзор. Проблемот не е во локалните врски, проблемот е во тоа што проблемот е премногу сложен и деликатен во мал град како Охрид. Па може да дојде до закани, притисоци кога ќе треба да се отстрануваат. Деликанта е средината, јас да одам да рушам, утре ќе ме убие некој“, изјави во „Стадион“ на Канал 77, градоначалникот на општина Охрид, Константин Геогриески.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет