ГАЛЕРИЈА: 8 автобуси подготвени за превоз на патниците од летот од Берлин до хотелот Цар Самуил во Струмица во државен карантин

Објавено на 29.03.2020 во 18:04:25 часот | Македонија

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче:

Подготвени се осумте автобуси со кои ги пречекуваме и превезуваме нашите сограѓани кои ни пристигаат од Берлин со летот во 17:00 часот. Со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, обезбедуваме транспорт до хотелот Цар Самуил во Струмица, каде ќе бидат во следните 14 дена во задолжителен државен карантин. Го штитиме колективното здравје и здравјето на секој граѓанин.

Image may contain: people sitting

Се работи за наши граѓани кои се враќааат во својата земја од различни страни на светот. Во вакви моменти секој се чуствува најбезбедно дома, меѓу своите најблиски. Овој модел мораме да го поддржиме, за доброто на сите. Им благодариме на сите колеги по институциите кои деноноќно и посветено работат на безбедно враќање на нашите граѓани дома.

Image may contain: one or more people and people sitting

Image may contain: people sitting and indoor

Image may contain: people sitting

Image may contain: one or more people and people sitting

 

 

loading...

 

Македонија

Свет