Во Солун од корона вирус почина сивата еминенција, 30 години неофицијален грчки амбасадор во земјава, Емануел Маноли, човекот што го намести Љубе Бошковски, што преговараше со Мијалков за името, што ја договори продажбата на ОКТА

Објавено на 29.03.2020 во 22:45:11 часот | Македонија

Утрово во Солун, од коронавирус почина Емануел Малелис, кај нас познат како Маноли кој во деведестите години во тогашниот грчки конзулат беше задолжен за визи – објави вечер.мк.

Според информациите на порталот Маноли се инфицирал со корона вирусот на Кипар, пред десетина дена, а првично имал лесни симптоми па се вратил дома во Солун на лекување. Но, пред четри дена состојбата му се влошила и починал.

Инаку, Маноли е Македонец од егејско потекло, роден во околината на Лерин, женет со Македонка од Скопје и татко на две ќерки. По завршување на мандатот во грчкиот козулат останува во Скопје и продолжува да работи на функција во рафинеријата Окта која, во меѓувреме, доби грчки сопственик.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет