АВИЦЕНА ГИ ПОСРАМИ СИСТИНА И ЖАН МИТРЕВ: Располагаме со 5.000 тестови за корона вирус, сите на сметка на лабораторијата

Објавено на 30.03.2020 во 12:24:01 часот | Македонија

Во интерес на заштита на јавното здравје, Авицена Лабораторија, како лабораторија која целосно ги исполнува сите светски норми и стандарди за овој тип на тестирање, се вклучува во постапката на изработување на 5.000 високосензитивни Real Time-PCR тестови за корона вирус (COVID-19).

 

Ова е заеднички проект на Авицена Лабораторија, Министерство за здравство и Здравствен Дом Скопје.

Од средината на оваа недела, ќе биде ставен во функција пунктот за земање примероци во склоп на Здравствен Дом на Скопје-поликлиника Идадија (Млин Балкан).

СИТЕ ПРИМЕРОЦИ ЗЕМЕНИ ОД ОВОЈ ПУНКТ ЌЕ БИДАТ ИЗРАБОТЕНИ ВО АВИЦЕНА
ЛАБОРАТОРИЈА И ЦЕЛОСНО НА ТРОШОК НА АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА.

Овој тип на помош и поддршка е наменета со цел побрзо и поуспешно да се справиме со новонастанатата ситуација, да му помогнеме на нашиот здравствен систем, на сите пациенти и целокупната заедница во која припаѓаме.

Како и за другите пунктови, пациентите ќе бидат примени исклучиво само по претходно закажан термин преку матичниот лекар и системот МОЈ ТЕРМИН.

Во меѓувреме, сите заедно да ги почитуваме мерките од надлежните институции, да бидеме одговорни, да се грижиме за сопственото здравје и за здравјето на другите.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет