ЕСМ: Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица

Објавено на 30.03.2020 во 12:32:51 часот | Македонија

Лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот.

– Транспортот и сместувањето ќе бидат извршени согласно протоколите на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство, додека од страна на хотелот ќе бидат обезбедени сите услови за престој за периодот додека трае пропишаната изолација, велат од АД ЕСМ.

За овие потреби, од страна на АД ЕСМ на располагање се ставени и хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка, каде во текот на утрешниот ден се очекува да бидат сместат граѓани за кои беше обезбедено организирано враќање од странство.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет