МНР РЕАЛИЗИРА МАСИВНА ОПЕРАЦИЈА НЕВИДЕНА ДОСЕГА: Со два лета од Виена и Базел пристигнуваат 360 граѓани, ќе бидат префрлени во државен карантин, досега вратени 1800 наши државјани!

Објавено на 30.03.2020 во 14:21:29 часот | Македонија

Со организираните хуманитарни авионски летови од Виена и Базел денеска се очекува во земјава да пристигнат вкупно 360 наши државјани кои потоа со автобуси ќе бидат префрлено до утврдените хотели за државен карантин.

Владата на Република Северна Македонија соопшти дека е подготвен безбеден и строго контролиран автобуски превоз за нашите сограѓани.-За 180 патници од летот од Виена во 13:55 часот, обезбедуваме транспорт со автобуси со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, до хотелите „Дрим“ во Струга и „ЕСМ Славија“ во Попова Шапка, каде граѓаните ќе престојуваат следните 14 дена во задолжителен државен карантин, се наведува во соопштението од Владата.

Согласно протоколите за државни карантини, 180 наши граѓани кои вечер пристигнуваат со летот од Базел, пак, во 20:25 часот, со автобуси ќе се упатат во хотелите „ЕСМ – Попова Шапка“, „Алпина“ во Маврово и „Цар Самоил“ во Банско, каде ќе поминат 14 дена во изолација.

Од Владата со порака до лицата во државен карантин што полесно да го поминат карантинот, а до сите останати граѓани апел да ги следат мерките за заштита и да останат во своите домови.

Вчера од Германија со два лета беа вратени 354 македонски државјани, Синоќа 50 минути по полноќ авионот од Бон со 180 наши државјани слета на скопскиот аеродром, а претходно дента од Берлин со авион беа вратени 176 лица, Согласно протоколите за државни карантини, тие се упатени и сметсени во хотели каде ќе поминат 14 дена во изолација.Министерот за надворешни работи Никола Димитров на фејсбук информира дека во летот на Визер кон Германија беа однесени и странски државјани од Скопје.

Досега во организација на МНР направена репатријација на 1842 македонски граѓани

По апелот за пријавување на македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по јавниот повик за организирање на авионски превоз, но и преку хуманитарни конвои, до сега (понеделник,  30 март, 14ч.) во организација на МНР е направена репатријација на 1842 наши државјани.

Од нив, 1097 се репатрирани од 5 земји (Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија) со 7 авиони и тоа од: Валета, Загреб, Љубљана, Минхен, Берлин, Бон/Келн, Виена, а 150 граѓани со 3 хуманитарни конвои (автобуси и автомобили) од Црна Гора, Словенија и Истанбул.

На 446 наши државјани им беше пружена помош од Министерството за надворешни работи преку насочување или обезбедување дозволи за нивно враќање дома преку аеродромите во Софија, Солун, Истанбул и Тирана. Со регулирана постапка пак во комуникација со српските органи, самостојни дозволи во посредство на МНР беа издадени на 145 македонски граѓани за да ги преминат српските граници како би се вратиле во земјата.

За денес во вечерните часови е планиран лет за враќање на околу 160 наши граѓани од Базел според најавите, а согласно заклучоците на Кризниот штаб и Владата, МНР ќе излезе со дополнителни навремени информации за следните планирани активности.

Министерството за надворешни работи, заедно со Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, како и другите надлежни органи кои се дел од овој исклучително сложен и деликатен процес, ќе продолжат со вложување на максимални напори при остварувањето на двата државни интереси – помош на граѓаните затекнати во странство и заштита на здравјето на граѓаните дома.

Во духот на солидарноста и добрата соработка како со земјите од регионот, така и со земјите членки на ЕУ и НАТО, но и пошироко, овозможвиме репатријација и на повеќе од 400 странски државјани кои од Скопје се враќаат во своите земји, меѓу кои: Австрија, Австралија, САД, Чешка, Унгарија, Словачка, Швајцарија, Италија, Франција, Хрватска, Црна Гора, Косово, Малезија и др.

На тој принцип им беше помогнато и на 4 наши државјани кои со чартер лет од Австрија беа пренесени од Перу до Виена, а Министерството и покрај првичниот фокус за репатријација на нашите граѓани затекнати во Европа, ќе продолжи со напорите за пронаоѓање начини за враќање и на оние кои се затекнати на другите континенти, во соработка со други земји и партнери од регионот и пошироко.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет