КОЈА ЕПСКА ЗАМЛАТОТИНА: ВЛАДАТА СО ПОМОШ НА АВСТРИЈА УСПЕА ДА ГО ЕВАКУИРА ВЛАДЕ МИЛЧИН И УШТЕ 3-ЦА МАКЕДОНЦИ КОИ ВО СРЕД КОРОНА ПАНДЕМИЈА ЗАМИНАЛЕ ЗА ПЕРУ, ЈУЖНА АМЕРИКА, НА ДРУГИОТ КРАЈ ОД СВЕТОТ!

Објавено на 30.03.2020 во 14:47:31 часот | Македонија

МНР денеска се пофали дека со помош на Австрија успеале да евакуираат 4 македонци од главниот град на Перу, Лима.

"Во духот на солидарноста и добрата соработка како со земјите од регионот, така и со земјите членки на ЕУ и НАТО, но и пошироко, овозможвиме репатријација и на повеќе од 400 странски државјани кои од Скопје се враќаат во своите земји, меѓу кои: Австрија, Австралија, САД, Чешка, Унгарија, Словачка, Швајцарија, Италија, Франција, Хрватска, Црна Гора, Косово, Малезија и др.

На тој принцип им беше помогнато и на 4 наши државјани кои со чартер лет од Австрија беа пренесени од Перу до Виена, а Министерството и покрај првичниот фокус за репатријација на нашите граѓани затекнати во Европа, ќе продолжи со напорите за пронаоѓање начини за враќање и на оние кои се затекнати на другите континенти, во соработка со други земји и партнери од регионот и пошироко."


Тие четири Македонци се режисерот Владе Милчин, неговата сопруга и уште двајца со презиме Деребанови. Замислете, во сред пандемија со Корона, они се решиле да заминат за Перу, Јужна Америка, на другиот крај на светот?!?! Каква е таа неодговорност и епска замлатеност?!?! Ем што е Владе Милчин неодговорен за своето здравје, човекот е над 70 години стар а токму старите се најзагрозени од Корона, па и не ги почитува мерките на владата, ние едвај одиме до локалното гранапче да си купиме храна он земал 4 авиона и заминал за Перу?!?!

Колку ли само нерви и време потрошиле од МНР за да организираат негово враќање преку Виена, Софија, Деве Баир па потоа карантин на државен трошок?!?!

Им се смеевме на жените кои за 8-ми март сакаа да заминат за Виена, овој далеку подоцна во сред светска пандемија заминал на другиот крај на светот, а со денови држи лекции на сите и дели мудрост и памет?!

 

 

loading...

 

Македонија

Свет