НАРОДОТ ЌЕ КУРТУЛИ: Шест месеци грејс период за корисниците на кредити во Комерцијална банка и НЛБ Банка

Објавено на 30.03.2020 во 15:34:11 часот | Македонија

 
Комерцијална банка одобрува грејс период од шест месеци за кредитните производи на физички лица, пролонгирање на крајниот рок на отплата на кредитите за шест месеци, како и автоматско продолжување на рокот за користење на дозволеното пречекорување до 30. септември годинава без намалување на одобрениот износ и без оглед дали на сметката стасува редовен месечен прилив.

Ова е понудата на Комерцијална банка за промена на договорните услови на кредитните производи со цел да го олесни финансискиот товар со кој клиентите се соочуваат или би можеле да се соочат како резултат на корона-кризата.

-Јавната понуда се однесува на сите физички лица-клиенти на Банката кои имаат кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања, кои на 29 февруари.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В и немаат статус на сомнителни и спорни побарувања (нефункционални), односно во своето досегашно работење со Банката не доцнеле подолго од 90 дена при отплата на обврските. Сите физички лица на кои се однесува Понудата, ги замолуваме детално да ја разгледаат Понуда на следниот линк и да одлучат дали истата ја прифаќаат или одбиваат:

https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2370&lang=1&uc=1.

До Банката треба да се обратат електронски или писмено, исклучиво физичките лица кои ја одбиваат понудата, најдоцна до 9 април до 16.00 часот. За лицата кои ја прифаќаат понудата таа автоматски ќе се имплементира, без потреба од контакт со банката.

– Бидејќи оваа криза носи негативни влијанија кои ќе ги погодат сите, Комерцијална банка ќе овозможи олеснувања и за оние клиенти-физички лица кои и пред почетокот на кризата имале проблеми со отплатата на обврските, односно лицата кои на 29.02.2020 година биле класифицирани во категорија на ризик В (нефункционални), Г и Д. Моделот на олеснувања за оваа група клиенти сѐ уште се изработува, а јавноста наскоро ќе биде известена и за тие мерки, стои во соопштеието од Комерцијална банка.

 

 

Одложување на отплатата на кредитите на физичките лица до шест месеци, заклучно со 30 септември 2020 година, како и рефинансирање на постоечките кредити,, одобрување нови кредити со можност за користење грејс период или редовна отплата на постоечките кредити по избор на клиентот е понудата на НЛБ банка, согласно уредбата за олеснување на договорните услови на кредитите донесена со цел надминување и ублажувње на негативните ефекти од кризната ситуација.

Од банката информираат дека за правните лица, исто така, ќе бидат понудени неколку опции, кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно.

Можностите за правните лица се од НЛБ Банка се одложување на отплатата на кредитот од три до шест месеци заклучно со 30.09.2020, можност за рефинансирање, како и понуда на нови кредити за ликвидност. Кај клиентите од индустриите кои се затворени или се директно најпогодени од кризата, како и кај микро и малите претпријатија, во најголем број ќе се примени мерката за одложување на отплатата на кредитите.

– Новите кредитни олеснувања што ги нуди Банката се во согласност со активностите на НБРСМ, Владата, како и во координација со останатите членки на МБА, но пред се ќе бидат директен одговор на економските предизвиците кои ги донесе COVID-19 кризата како кај граѓаните, така и кај фирмите. Свесни сме за комплексната ситуација во која се најдоа нашите клиенти и воопшто целата економија во државата и светот. Наша задача е да застанеме пред овие предизвици, да ги заштитиме нашите клиенти и во најбрз можен рок да дадеме одговор со кој ќе им го олесниме справувањето со кредитните долгови и одржување на нивните бизнис модели – наведуваат од НЛБ Банка.

Во текот на следните неколку дена деталната понудата со конкретните услови ќе биде официјално објавена од страна на Банката и ќе биде дистрибуирана и комуницирана со сите клиенти преку официјалните канали за комуникација.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет