БРАВО ЗА ВОЈНИЦИТЕ И ГРАД СКОПЈЕ: За само 7 дена, пред Инфективна поставена мобилна болница

Објавено на 30.03.2020 во 23:10:05 часот | Македонија

Само седум денови им беа потребни на институциите за да го срушат поранешен „Медицинар“, да го уредат просторот и денеска да ја постават мобилната болница.

„Меѓуинституционалната соработка вроди со плод. На крај сме со поставувањето на полската болница во кругот на Клинички центар. За неполни 7 дена“, напиша на Фејсбук првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов.

Мобилна болница e со 130 легла и е поставена пред Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје за да се удвои капацитетот за новите заразени со коронавирус

 

 

loading...

 

Македонија

Свет