Поставени автоматски апарати за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Прилеп

Објавено на 30.03.2020 во 23:25:50 часот | Македонија

Општина Прилеп и Општинскиот штаб за управување со кризи ги интензивираат
мерките за справување со коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните.

За таа цел, денеска во функција беа ставени автоматски апарати за дезинфекција
на возилата кои влегуваат во Прилеп. Автоматските прскалки кои се поставени на
сите 4 влезови во градот, користат специјално дезинфекционо средство и работат
на принципот на активирање на сензор.

Истовремено, продолжува дезинфекцијата на влезовите во зградите и на сите
населби во градот. Во текот на денешниот ден, со цистерни на Територијалната
противпожарна единица без дезинфицирани улиците во населбата Варош. Во
акцијата беше вклучено и возило на ЈКП „Водовод и канализација“, кое вршеше
дезинфекција на потесните улици во населбата, во кои поголемите возила и
цистерни немаат пристап.

Денеска се дезинифицираа и улиците во населените места Големо и Мало
Коњари, Кадино село, Галичани, Беровци и Алинци. Дезинфекцијата се вршеше
со механизација на месното население, а дезинфекционите средства ги обезбеди
општина Прилеп.

Градоначалникот Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб уште еднаш
апелираат до граѓаните на општина Прилеп да останат дома, да го почитуваат
полицискиот час, како и препораките на Владата и Министерството за здравство.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет