ПОЧИТУВАН ГОШЕВ, ЗОШТО ВАКВИ ГАФОВИ, ДА НЕ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВАШ ДОБРИНАТА И МЕКОСТА НА ЗАЕВ?!

Објавено на 30.03.2020 во 23:47:58 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Денеска вест на денот е брутален коментар и напад на Петар Гошев кон Заев. Поранешниот пратеник, гувернер, министер за финансии, лидер на СДСМ идносно СКМ - ПДП и мноштво други високи позиции излезе со интервју за порталот НОВА во кое во еден момент фрла дрва и камења и не бира зборови за идејата на Заев да се намалеле платите во администрација на минималец за неколку месеци.

Таа мерка Гошев ја нарекува измаминичка, популистичка, па дури и ПОЛ-ПОТОВСКА?!?! За во истиот коментар, Гошев да бара од Заев да го конфискувал богатството на македонските богаташи, без судска одлука, така од СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ПОБУДИ, баш ПОЛ-ПОТОВСКИ би додал, за да тоа богатство им се дало на сиромасите? Зарем тоа не е правиот популизам овде почитуван Гошев?

Дека нешто не е во ред со поранешниот гувернер, зборува и фактот што само неколку прашања подолу во интервјуто, колешката Секуловска го прашува колку мисли дека ќе бидат штетите од кризата, тој вели дека тоа засега не го знаеме?!?!

Прашан за тоа дали Народна Банка ќе успее да го одбрани курсот на денарот и тука Гошев не делува баш сигурно, вели Народна Банка има доволно резерви да се бори и да го брани, но како да остава отворена врата кризата да ескалира?!

Гошев потоа неосновано ја критикува владата дека не се трудела да го засили здравството, иако владата прави тотална и целосна мобилизација на сиот персонал, ги вклучува и приватните болници, гради монтажни болници, на пат се стотици нови респиратори, како карантини ги вклучи сите хотели а од денеска и студентските домови?!?! Притоа платите на вработените во здравството беа покачени и плус сега нема да се чепкаат?!

Потоа Гошев вели дека државата ќе треба да ги помогне социјално загрозените, вработените во приватните фирми, и да ги ослободи од давачки сите?! Епа таа дупка во буџетот како ќе се покрива бе почитуван Гошев ако не се крати и на плати во администрација?! Дури и самиот тој вели дека оваа криза е многу поопасна од таа во 2008-ма и последиците ќе бидат страшни?!?!

Прашан за тоа дали економијата треба да се спасува со ефтини кредити или одложување на кредитите на народот и фирмите, Гошев ги брани банките и вели никој не смее да им нареди на банките да работат на своја штета?!?!

Излегува дека Гошев ги брнаи банките, ги брани буџетарите, не знае колку ќе трае кризата и колкав ќе биде дефицитот во буџетот?! Значи Гошев ЛУПЕТА НА ПАМЕТ И ИСПРАВА НЕКОИ СТАРИ ДОЛГОВИ И ФРУСТРАЦИИ СО ЗАЕВ?!?!

Не сакаме да веруваме дека не му се оствариле некакво очекувања, очигледно е дека има голема омраза кон советниците на Заев, нив често ги споменува со многу голема пизма, изгледа не може да го преболи тргањето на дуото Тевдовски - Јовановиќ од владата и поништувањето на пропорционалниот данок, иако учинокот беше никаков, но на Гошев не му се важни бројките очигледно, туку класните, идеолошки битки, а пазете тој обвинува за популизам?!?!

Штета е што Гошев не успеа да остаре во висок стил па и он како Андов на стари години како да почнува да пролупува и прошлајфува, можно е да е тоа последица на голема политичка слава па на стари години кога сите органи попуштаат да се сака пак да се биде ГЛАВЕН во државата ама мозочните вијуги веќе не пецкаат како што треба туку фрлаат искри односно пелцуваат...

Можно е да се работи и за нешто друго. Сите го научија Заев дека е мек, кроток, таков, како монах. Па удри по него кој стигне со што стигне, знаат дека нема да им врати, нема да им се одмаздува, нема да ги казнува, нема да им замери, туку уште и ќе се прави малку наудрен, демек не памети, не чул, не дознал, или пак ајде не замерил, демократија е, сите имаат право да си кажат.

И така сите по него тренираат колку се стручни и паметни, но лесно е да седиш во тоа викендицата во Дојран како Гошев и да се ладиш на ветрето под некоја сенка, но успешните битки кои Заев ги биеше овие 5 години би требало малце кај оние со грам осет да вродат со тронка респект па да се има малце усул кога се плука и комоентира да се малку прикочи, но тоа е, Зсев ги разгали, ги размази, ги разпекмези сите овие од типот на Гошев, многу им прогледува низ прсти, ич не е суетен!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија