Италија му удри шлаканица на Путин: 80 отсто од руската помош е бескорисна!

Објавено на 01.04.2020 во 10:48:14 часот | Свет

Дури 80 отсто од помошта што Русија ѝ ја испрати на Италија е бескорисна, објави италијанскиот весник „Стамп“, повикувајќи се на извори од високите политички кругови.

Откако рускиот претседател Владимир Путин и италијанскиот премиер Џузепе Конте разговараа минатата сабота, Русија ѝ испрати 60 респиратори и 100 виролози и епидемиолози на Италија. Снимката на која се гледаат руските воени камиони на патот кон Рим протече минатата недела на интернет и предизвика позитивни реакции.

– Осумдесет отсто од руската помош скоро воопшто не се користи во Италија. Потполно е бескорисна помошта – рекол неименуван италијански извор за весникот, додавајќи дека станува збор за опрема за дезинфекција, мобилна лабораторија за стерилизација и хемиска превенција.

Тој тврди дека Путин со пакетот „Од Русија со љубов“ всушност користи геополитичка и диплоиматска шанса, а Конте, пак, ја примил помошта само за да го обезбеди личниот однос со Москва.

Рускиот амбасадор во Италија, Сергеј Разов, ги демантираше пишувањата на весникот и текстот го нарече перверзен.

– Таквите тврдења се производ на перверзен ум. Несебичната желба да им се помогне на пријателите во неволја некој очигледно поинаку ја доживува – рекол Разов.

Со повеќе од 11.500 починати и 100.000 заразени, Италија има повеќе потврдени случаи на Ковид-19 од која било друга земја во светот.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија