ПОГЛЕДНЕТЕ КОЈ БЕСРАМНО ШИРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ И СЕЕ СТРАВ МЕЃУ НАРОДОТ - Мицкоски: Имам информации дека имаат само 100 теста, за еден ден!!!

Објавено на 03.04.2020 во 20:56:35 часот | Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, упати бројни критики до власта дека не води сериозна борба против пандемијата на коронавирусот.

Тој рече дека Министерството за здравство во моментов не располага со повеќе од 100 теста за опасниот коронавирус.

„Јас имам информација дека немаат повеќе од 100 теста за коронавирусот на располагање“, рече Мицкоски.

По реакцијата на новинарот дека министерот за здравство Венко Филипче не кажал досега прецизна бројка, но постојано нагласува дека има доволно тестови и дека далеку поголем број лица од таа бројка се тестираат дневно, Мицкоски рече дека „и да имаат 350 теста на располагање и тоа е катастрофално“.

Тој нагласи дека претходно се тестирале околу 400 лица на ден за коронавирусот, а сега резервите на тестови се доведени на минимум и со таа динамика Македонија има тестови само за уште еден ден.

Според него алармантен е податокот дека 11 медицински лица се заразени во Куманово. Ако се почитуваат протоколите и ако има доволно заштитна опрема, тогаш зошто толку многу медицински лица се заболени и тоа само во Куманово, рече Мицкоски.

„Од кога апелираше градоначалникот на Куманово дека треба мерки, дека треба карантин. Па тоа не се случи. Тоа е нивен човек е и не го слушаат. Еве сега денеска излезе владата конечно и кажа дополнителни мерки“, нагласи Мицкоски.

Тој рече дека пораките кои му ги испраќал на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, во врска со организираниот превоз на македонските граѓани од странство  не биле недолични.

„Врз основа на информациите кои во тој момент дојдоа до мене како докази, само го предупредив дека во ова време на грбот на граѓаните не треба да се профитира. Веднаш кога би дошла таа кривична пријава во трас трас судството, веднаш ќе биде отфрлена. Ви гарантирам дека веднаш уште истиот ден ќе ја отфрлат. Кога ќе дојде денот, на ослободеното обвинителство ќе му ги доставиме доказите и верувајте, многу луѓе ќе се срамат“, рече Мицкоски.

Тој се пожали дека секој предлог кој што ќе го даде ВМРО-ДПМНЕ за власта е предлог од непријател.

„И покрај тоа што они сакаат во јавноста себеси да се портретираат како државен елемент, над ситуација итн. Фрустрацијата и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ е толку голема со што и да кажеме ние од ВМРО-ДПМНЕ за нив е неприфатливо“, нагласи Мицкоски.

Се обидуваме, додаде тој, преку нашите контакти надвор од нашата држава  да се обидеме што е можно повеќе помош да донесеме.

Мицкоски нагласи дека во вторникот имал телефонски разговор со Јанез Јанша, премиерот на Словенија и претседател на сестринска партијаза да помогне на Македонија, да обезбеди помош.

„И тоа 100.000 маски, 100.000 медицински ракавици кои што се неопходни посебно на голораките медицински лица кои што се справуваат со пандемијата. Но тоа нема да застане тука тоа е само првата пратка и самите они го организирале превозот за да навистина го добие призвикот хуманитарен, добро е и тоа да се напомене дека тој превоз тој транспорт на оваа помош ја чини нашата држава нула денари. Тоа е само првата пратка ќе има и дополнителни за некоја недел“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ даде доста разумни предлози кои што веднаш ќе требаше да му помогнат на реалниот сектор.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет