Со редици пред маркетите Куманово го дочека продолжениот полициски час

Објавено на 03.04.2020 во 22:31:49 часот | Македонија

Со редици пред маркетите Куманово го дочека продолжениот полициски час

Редици граѓани пред маркетите, месарниците и аптеките се создадоа попладнево, откако Владата прогласи 24 часовен полициски час за време на викенд во Куманово.

Градот и улиците беа блокирани од автомобили од приградските населби, кои дојдоа да набават храна и лекови. 

Иако со денови наназад градоначалникот Максим Димитриевски бараше да се воведе карантин во градот, никој не се надеваше дека оваа одлука ќе се донесе и ќе почне да се применува во исти ден.

Додека едни негодуваа дека требало да се остави повеќе време граѓаните да се снабдат со потребните продукти, други ја поддржуваат одлуката и велат дека требаше порано да се воведе. Сите се согласни дека големите гужви нема да помогнат туку ќе придонесат за ширење на вирусот.

 Во редиците имаше стари лица над 65 години, кои го прекршиле полицискиот час за да купат што им е неопходно за наредните два дена.

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението -полициски час во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок до 05:00 часот во понеделник.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи на подрачјето на Општина Куманово.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници и матичните лекари, кои своите работни ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата на селата, исклучиво за работните потреби

 

 

loading...

 

Македонија

Свет