МИСЛАМ ДЕКА КОНЕЧНО УСПЕАВ ДА ГИ РАЗБЕРАМ ЗАЕВИ И НИВНИОТ СИЛЕН ПОЛИТИЧКИ АНГАЖМАН

Објавено на 04.04.2020 во 13:44:05 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Многу пати сум се прашувал зошто Заев не крене раце од политиката и не отиде да си плови во јахта низ медитеранот како што тоа го прават Камчеви, Стојменови, Трифун Костовски и останатите наши богаташи и успешни луѓе?

Заеви се бават со бизнис уште од 1991-ва, 30 години, имаат десетици фирми, знаат како да направат пари, имаат милиони, зошто се замараат со политика, да ги плукаат медиуми, да им прават црна пропаганда, политички противници да им се одмаздуваат со судски местенки апсењња малтретирања?

Зошто си трошат свои пари за донации за помош на СДСМ која е веќе 10 години на нивни грб качена како партија, па дури и во време на кризата против Грујо Заеви од свој џеб ги плаќаа сите драконски казни на политичарите и медиумите во висина од илјадници евра кои ги изречуваа СВАРОВСКИ СУДОВИТЕ на име на разни казни за клевета навреда на ДИКТАТОРСКИОТ РЕЖИМ И НИВНИТЕ ПАЈТАШИ?!

Па дури во еден момент Заев за малце и ќе загинеше, крв проли човекот на 27-ми апеил во својата политичка битка?

НО ЗОШТО?! ЗОШТО БАШ ЗАЕВИ?! ЗОШТО ИСТОТО НЕ ГО ПРАВАТ ДЕСЕТИЦИТЕ ДРУГИ БОГАТИ И УСПЕШНИ ФАМИЛИИ?!

Долго време размислував на оваа тема. Секако најбрзиот одговор е за да КРАДАТ, ете зошто, им треба моќ за да си ги полнат џебовите!

Но се покажа дека и еден Мијалков и еден Грујо не се спасија од ќорка, во земјава можеш да крадеш и да бегаш одреден период но на крај ќе те фатат, мислам дека овде не станува збор за тој лесен одговор, се работи за нешто сосема друго.

Мислам дека Заеви ги има фатено еден инат, еден порив, да ја направат земјата исто квалитетна како и нивните фирми. Џабе јаки фирми во скапана држава која секој кој ќе му текне ќе посегне да ти ги земе да ти ги уништи, практично пак е од СЕБИЧНИ ПРИЧИНИ, но СО ТОА ШТО НЕ КРАДАТ, туку ја БИЛДААТ ЗЕМЈАТА НА ВИСОКИ СТАНДАРДИ за сите да имаме бенефит, но и тие секако!

Едноставно, во еден момент пред 10-тина години, на некоја од тие семејни седенки и вечери, на Заеви им текнало и се договориле дека единствен СИГУРЕН начин да ги заштитат своите фирми и да им отворат пат за сигурен развој е земјата да ја средат, да имаме СУДОВИ, ДЕМОКРАТИЈА, ИНСТИТУЦИИ, ДА Е БЕЗБЕДНА ЗЕМЈАТА, ЧЛЕНКА НА НАТО, ЕУ, ДА НЕ Е БАНКРОТИРАНА, ДА ИМАМЕ СИЛНО ЗДРАВСТВО, ОБРАЗОВАНИЕ, МЕДИУМИ...

Само така фирмите на Заеви ќе ЦУТАТ, со јак кадар, со здрави работници, со стабилни институции, со отворени граници, со стабилна и средена земја. 

ДА, ПАК Е ПОРАДИ СЕБИЧНОСТ, НО ТАКВА СЕБИЧНОСТ ОД КОЈА СИТЕ ИМАМЕ БЕНЕФИТ! И РЕТКО КОЈ ОВА МОЖЕ ДА ГО РАЗБЕРЕ! ЗАТОА ШТО ЛИЧИ НА ТРОДИМЕНЗИОНАЛЕН ШАХ ВО ЗЕМЈАВА КОГА СЕКОЈ МИСЛИ ЗА УТРЕ, МОРЕ ЗА ПОПЛАДНЕ МИСЛИ А НЕ ПАК ЗА ПОСЛЕ 10, 20 ГОДИНИ КАКО ШТО МИСЛАТ ЗАЕВИ!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија