ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА ТОЈ ШТО ЈА ДОНЕЛ ОДЛУКАТА ДА СЕ ЗАТВОРАТ СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ, НИКОГАШ НЕ ЖИВЕЕЛ ВО СТУДЕНТСКИ ДОМ!

Објавено на 09.04.2020 во 21:12:36 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Нема ништо полошо од тоа некој да ве направи бездоминк преку ноќ, да ве исфрли на улица. Особено тоа е тешко ако ви се случи во време на епидемија со Корона!

Уште пострашно е кога тоа ќе го направи државата, таа што би требало да се грижи за вас!

Ако некој во владата се исплашил дека студентските домови ќе бидат жаришта на Корона, па најлесно му било да ги исфрли студентите на улица, сакам да му кажам дека тоа решение му е многу блесаво и нефер.

Има студенти кои почнале со работа за да застанат на прав пат, решиле да седат во студентски затоа што киријата е ниска и се поклапа со ниските примања кои ги имаат студентите почетници во својата кариера или во соптвениот бизнис, и ти така брутално преку ноќ да затвориш илјадници соби во кои живеат илјадници студенти е рамно на УЖАС!

Некој се исплашил дека ќе треба да потроши малце поцеќе средства за хигиена и ќе треба да менаџира малце подобро со домовите, па најлесно е клуч на врата и седи си дома и земај си плата!

Но тоа што илјадници студенти ќе квадрираат, изгубат работа, ќе им се срушат соништата, кариерите, НИВ КОЈ ГИ ЕБЕ!!!

Па не се тоа деца, ќе знаат да внимаваат, нека се затворат мензите еве, нека се дава храна на шалтер, нека се затворат лифтовите, нека одат по скали студентите, тие кои се плашат нека си останат дома, кој кашла и не се чувствува добро нека оди дома или пак цимерот нека оди дома, нека се договорат, но вакво брутално бркање на сите на улица е страшно.

Од каде знае владата дека овие студенти има каде да се вратат?! Сите ли имаат домови и семејства, што е со сираци, што е со млади луѓе кои не се во добри односи со своите родители, што е со деца на алкохоличари, зависници од дрога, насилници, ментално болни со кои соживот е речиси невозможен?! Каде да одат овие студенти во вакви времиња - невремиња кога државата им ветила, потпишале договор црно на бело дека имаат сместување до јуни а 3 месеци порано државата ги брка од своите соби?

Ова е неправда на штета на студентире и многу БЛЕСАВА ОДЛУКА НА НЕКОЈ ВО ВЛАДАТА!

Во денешно време студентите си имаат сите смартфони, лаптопи мали фрижидери во своите соби и совршено добро можат да го поминат полицискиот час во учење, читање на нет, гледање филмови како и сите нас, зошто ваква радикална одлука?! Студентски дом е како секоја зграда за колективно домување, вои многу станови живеат цимери кои делат тоалет, има во многу студентски и т.н апослветнски соби каде во собите има само по 1 студент, значи има НУЛА можност за ширење на вирусот...

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија