(ВИДЕО) Заев во „Утрински брифинг“: Сите кои профитираа во минатото, најбогатите, мора да го понесат најголемиот товар од економската криза

Објавено на 09.04.2020 во 21:28:52 часот | Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ денеска упати порака дека најбогатите во државата се оние кои најмногу треба да го понесат товарот од економската криза при справувањето со Ковид 19, во услови кога државата оперира со преполовен буџет.

-Приходите на државата паднаа драстично. Се очекува почетокот на април да бидат меѓу 30-40 отсто, значи ќе фалат околу 60 отсто од приходите. Граѓаните се дома и не трошат, не работат објектите, транспортот е преполовен, не движиме, не се плаќаат ниту сметки. Голем дел на производсвените капацитети се затворени или хибернираат, затоа не се плаќа и данок кон државата. И ако за тоа не го подготвиме нашиот народ, тогаш сме голи популисти и само бркаме политички поени. Кратењето мора да се случува од секаде затоа што 60% немање приход, значи недостаток да ги финансираме сите расходи. И да најдеме други пари, пак мора да кратиме од дома. И да се шири гол популизам не е во ред. Големите земји ги земаа парите и сега има се помалку пари и се надевам дека ќе најдеме евтини пари и треба чесно да кажеме дека мора да кратиме. Колку побрзо носиме храбри одлуки за солидарност, толку побрзо ќе излеземе од тешката економска криза, изјави Заев.

Како што вели тој, мерките кои СДСМ ги предлага до Владата можеби не им се допаѓаат на сите, но државата би влегла во сериозна криза доколку дојде до тоа да крати здравствени трошоци, односно ако Фондот не може да плати на болниците и аптеките.

-Тоа ќе значи дека нема лечење и нема лекови. Тоа мора да биде последно. Полицијата и војската мора да функционираат. Сите основни дејности на државата мора да функционираат. Ако не направиме рационализација внатре нема да ни биде лесно и тоа ќе трае подолго. Најбогатите треба да го понесат најголемиот товар, затоа кратењето е таму најголемо. Предложено е во време кога најмалку три месеци ќе бидат одложени наплатите на кредитите, работата на извршителите… А компаниите кои профитираа во минатото сега ќе треба да го понесат најголемиот товар. Очекувам богатите да си ги авансираат своите давачки кон државата, да се бркнат во џебот и да постапат солидарно. Кога ќе ги враќаме кредитите, секако дека побогатите и посилните ќе плаќаат повеќе. Тие што отпуштиле работници нема да добијат поддршка од државата. Мора да го сочуваме секое работно место, потенцираше лидерот на СДСМ.

Според него, погрешно е што неговата изјава за платите во администрациајта била извадена од контекст, а мерките кои неодамна ги предложил доаѓаат од СДСМ до Владата и не значи дека Владата ќе ги прифати сите.

-Таа треба да ги слушне мерките од сите партии и од експертите. Излегов да соопштам мерки кои значат и мерки за штедење. Владата веќе неколку дена дискутира. Верувам дека нема се да биде прифатено. Ние работевме со многу експерти за да можеме да ги предложиме овие мерки, но Владата е таа која што ќе донесе одлуки. Популистите и оние кои бркаат политички поени ги отфрлаат овие мерки. Но некој треба да води грижа за државата. И ние се бориме на пазарот на гласови, да го заслужиме нивниот глас, но кога доаѓа тешко време некој треба да ги соопшти и тие непопуларни мерки. Жалам што дебатата се насочи кон намалувањето на платите на администрацијата. Главниот пакет беше како да и се помогне на економијата. Самиот пакет мерки се основа на кратењето на непродуктивните трошоци на Владата. Првиот чекор е кратењето на непродуктивните трошења, вториот е заштеда преку огромните трошоци кои одат на плата. Верувам дека ако ваквите солидарни мерки се прифатат, поспремно ќе се справиме со кризата, вели Заев.

Повеќе на Слободен печат на следниот линк.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет