СЕ ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ЗАРАЗИЛ БЕБЕНЦЕТО ОД КОЧАНИ: МАЈКАТА НЕГАТИВНА, СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТАТКОТО

Објавено на 09.04.2020 во 21:56:14 часот | Македонија

 
Почитувани,
 
Министерството за здравство ја известува јавноста дека мајката на четиримесечното бебе од Кочани кое е позитивно на коронавирусот е тестирана на 8 април и нејзиниот резултат е негативен на вирусот.
Таа е е хоспитализирана заедно со своето бебе на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
 
Според информациите добиени од Институтот за јавно здравје, четиримесечното бебе од Кочани беше тестирано на КОВИД-19 на 06.04.2020 година, а резулатите биле готови на 07.04.2020 година.
 
За овој случај, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче соопшти на денешната прес-конференција на која, според податоците добиени од Инфективната клиника информираше дека бебето е во стабилна состојба, без потреба од респираторна поддршка и е под постојан педијатриски надзор.
 
Се чекаат резултатите и за таткото, кој е тестиран на 08.04.2020 година.
---
 
*Поради технички проблеми со службениот е-меил, оваа порака ја испраќам од приватниот е-меил.
 
 
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство

 

 

loading...

 

Македонија

Свет