Филипче за коронавирусот: Таков убиец човештвото нема видено досега, ја брише структурата на белите дробови, на хепарот, целосно ја ремети крвната функција

Објавено на 09.04.2020 во 22:06:29 часот | Македонија

Мора да сме сите свесни дека ако не се почитуваат мерките нема да имаат никаков ефект. Имаме работа со болест која, во некои случаи, а не знаеме кои, дава таква тешка форма да на пациентите им нема спас, рече министерот за здравство Венко Филипче во гостување во емисијата Топ тема.

Тој повтори дека граѓаните  мора да се свесни дека мора да се придржуваат до мерките заради тоа што со седењето дома и со прекинувањето на сите контакти ќе се стави крај на ширење на вирусот и дека само така ќе се спасиме сите.

– Мора да сме сите свесни дека ако не се почитуваат мерките нема да имаат никаков ефект. Имаме работа со болест која, во некои случаи, а не знаеме кои, дава таква тешка форма да на пациентите им нема спас. Има една таква прогресија да не останува ништо што може да се направи. Вакви клинички слики анестезиолозите и искусните интензивисти не виделе досега. Да е избришана структурата на белите дробови, да е избришана структурата на хепарот, да е целосно изреметена крвната функција е нешто што навистина ретко се гледа – рече Филипче.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет