ЕКСКЛУЗИВНО: ПЕТАР ГОШЕВ УШТЕ ВО 2014-ТА ГО МОЛЕЛ ЗАЕВ ДА БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА, ФУНКЦИЈА КОЈА МИСЛЕЛ ДЕКА ИСТОРИСКИ МУ ПРИПАЃА, СЕГА БЕСЕН МУ СЕ ОДМАЗДУВА ЗА НЕРЕАЛИЗИРАНИОТ СОН!

Објавено на 09.04.2020 во 22:39:52 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Веќе со месеци Петар Гошев е во лична ИНДИФАДА против Зоран Заев и СДСМ. Но особено неговиот ЏИХАД се зажести овие денови, па се поставува прашањето од каде толку бес и лутина на Гошев спрема СДСМ?!?!

Ако се сеќавате тој учествуваше во рушењето на режимот на Груевски со колумни, тв настапи, говори во кои жестоко фрлаше дрва и камења против ВМРО ДПМНЕ а често беше во друштво на Заев, значи Заев тогаш не му сметаше како политичар.

Мактел од највисоки политички кругови дознава дека уште во 2014-та Гошев му вршел притисок на Заев дека функцијата претседател на државата по некој историски автоматизам нему му припаѓа.

Да потсетиме, Гошев има навистина богата политичка кариера, буквално нема функција која не ја вршел, само не бил на чело на Фудбалска Федерација и поглавар на МПЦ, све друго бил!

Значи лидер на СКМ - ПДП во комунизмот, тоа безмалку било де факто Премиер на Македонија во рамките на СФРЈ.

Потоа лидер на СДСМ и кандидат за премиер, но се откажува од таа битка откако Киро Глигоров со Бранко, Спасов, Ѓунер, Фрчковски и останатите го саботираа и го срушија од лидерското место во СДСМ.

Потоа пратеник, па министер за финансии, па гувернер на народна банка. Тоа значи дека иако за момент ја изгубил битката со Киро Глигоров во 90-тите, сепак Гошев добро знае да лобира за себе и добро знае да се лакта за функција.

Па така во последните години се намерачил за функцијата претседател но откако Заев не му го удоволил тоа и се одлучи за Стево Пендаровски, пред се поради анкетите, Гошев сега реши да му се одмаздува на Заев со брутални напади дека Заев и СДСМ не биле доволно левичарски.

Што е смешно, ако се знае дека СДСМ овие години направи за работничката класа повеќе од сите влади од 1990-та па до денес, пред се зголемувањето на минималната плата, социјалната помош, пакетот социјални додатоци, нешта кои дури за еден комунист како Гошев би требало да будат емоции и солзи а не плуканици и гнев!

Ако пак се земат во обзир меѓународните резултати на Заев и СДСМ, Гошев би требало да му се поклони на Заев а не да го плука.

Заев и СДСМ го реализираа во пракса она што генерацијата на Гошев го стави на хартија во 1991-ва, земјата да стане членка на НАТО и ЕУ, нешто што тогаш звучеше како далечна невозможна фантазија на опиени родољуби!

Но тој сон некој мораше да го реализира притоа за малце ќе го дадеше и својот живот, кога Гошев мирно седеше во својата вила во Дојран и уживаше во зајдисонцето и мирисот на смоквите.

Исто како што некои се неправедни за битката што Гошев ја водел со Милошевиќ за Македонија во 80-тите и 90-тите, така сега Гошев е неправеден за битката што Заев ја води со мафијата и со нашите непријатели од балканот и светот.

Гошев ја прави истата неправда која 30 години нему му ја правеа, никој не му се поклони и не го стави во рамништето на еден Киро Глигоров и Љубчо Георгиевски, што тој несомнено историски припаѓа, но тој сега истото му го прави и на Заев, наместо да го пофали тој плука по него како некаков остарен Апасиев!

А за битката против криминалот, Заев заслува честитки за дуелот против мафијата, пред се сваровски мафијата, ВМРО и олигарсите попут Камчев кои се длабоко загмацани во криминал. Заев можеше да се откаже од оваа битка и да склучи сојуз со олигарсите и сваровски битангите за да го остави ВМРО без слуги и без спонори, но Заев не сакаше да ги амнестира милионерите кои украдоа толку многу за 12 години режим.

Гошев како докажан борец против криминалот, редок политичар кој остана чист сите овие 30 години би можел да го цени и тоа, но воден од својата суета прави уште една неправда спрема Заев.

До старост ли е, што ли е, Гошев ги губи координатите на стари години и од голем државник и политички титан заличува на изгубена гневна беззаба хиена, вистинска штета, баш по патот на Андов, исто тераат а беа едно време и коалициски партнери во 90-тите...

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија