ФАТЕН СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ ИСЕЧЕ ДРВО ПРЕД ТЦ „МАВРОВСКА“ И КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА

Објавено на 09.04.2020 во 23:22:00 часот | Македонија

ФАТЕН СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ ИСЕЧЕ ДРВО ПРЕД ТЦ „МАВРОВСКА“ И КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА

Принтскринт од снимката на ЦУКС од возилото кое го носи исеченото дрво. (Фото: Град Скопје)

Преку видео надзорот на Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС), Град Скопје го фати и казни лицето кое исече дрво на плочникот пред ТЦ „Мавровка“. Дрвото беше исечено пред две недели без одобрение на надлежните од Град Скопје.

Денеска градоначалникот Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави видео снимки на кои се гледа комбето во кое се носи исеченото дрво.

„Градските комунални инспектори изминативе денови го истражуваа случајот и со помош на скромните градски видео можности успеавме да го идентификуваме лицето кое бесправно го исече дрвото пред ’Мавровка‘. Казната што е изречена изнесува 5.000 евра“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет