Тимотеј: И свештениците се оштетени, не можат да останат со празни трпези за Велигден!

Објавено на 09.04.2020 во 23:33:42 часот | Македонија

Половина од приходите на црквите и на манастирите на МПЦ се од Велигден и тие сериозно се погодени од кризата, но ќе се воздржат од масовни церемонии, вели во интервју за порталот Независен, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј.

– Ние препорачуваме за Велигден најтесен круг на луѓе, но доколку некој не сака да го почитува тоа, ние нема да изигруваме полицајци и да бркаме некого од црквите.

На прашањето дали МПЦ ќе бара финансиска поддршка од државата, како што вчера побара реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, владиката Тимотеј вели дека за тоа сѐ уште не се разговарало ниту во Светиот архиерејски синод, ниту со Владата, но не ја исклучува таа можност.

– Ќе видиме дали има можности за тоа и какви се. И свештениците се оштетени, а Велигден е, празник над празниците, не можат тие да останат со празни трпези – вели Тимотеј.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет