БОМБА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ГОЦЕ МИХАЈЛОВСКИ ОД КАНАЛ 5 ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА, ЛИДЕРИТЕ НА СДСМ И ВМРО ДПМНЕ ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА!!!

Објавено на 10.04.2020 во 11:15:28 часот | Македонија

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрото имаше вонредно обраќање до јавноста на кое информираше дека лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицковски, од денеска се во задолжителна домашна изолација.

„По информацијата која ја доби Министерството за здравство, дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на КОВИД-19, кој во текот на минатата недела имаше ТВ - интервјуа со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и Мицковски и Заев се тестирани на коронавирус.

Резултатот на Христијан Мицковски кој беше изработен синоќа, е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контакт со заболен, во овој момент нема потреба од посебна епидемиолошка анкета.

Резултатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со оглед на тоа што, тој синоќа беше веќе заминат за Струмица, ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш по добивањето на информациите е ставен во самоизолација. 

Новинарот  е во стабилна здравствена состојба, и моментално е на лекување во болницата „8 -ми Септември“.

Во текот на утрово и денот ќе се направат анкети и со точниот наод и бројка на лица кои ќе одат во изолација, доколку за тоа има потреба.

За сите овие информации како и за резултатот од тестот на претседателот на СДСМ, ќе известиме на следната прес-конференција во текот на денот кога ќе одговориме и на сите прашања на медиумите“, рече министерот Филипче во денешното обраќање до јавноста.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет