Заев: Немам симптоми, се тестирав и ги очекуваме резултатите

Објавено на 10.04.2020 во 11:37:22 часот | Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку својот Фејсбук профил се обрати откако министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека и тој и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се во самоизолација по интервју со тв-новинар кој е позитивен на КОВИД-19.

„Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори“, напиша Заев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет