А1он: Вработените во „Канал 5“ во паника, дека уредникот е заболен од коронавирус дознале денеска

Објавено на 10.04.2020 во 15:31:54 часот | Македонија

Зоран Заев и Христијан Мицкоски пред една недела биле на интервју во емисијата „Само интервју“ која се емитува на Канал 5 телевизија, но ниту еден од нив не знаел дека водителот Гоце Михајловски имал коронавирус. Нефоцијално, до тој момент ниту водителот не знаел дека е позитивен на вирусот, а од вторникот е хоспитализиран во болницата „8 септември”.

А1он“ стапи во контакт со директорот на телевизијата, Иван Мирчевски, но тој не даде изјава, туку рече дека се затечени од ситуацијата и побара да биде контактиран подоцна.

Неофицијално, Мирчески подолго време не доаѓал во телевизијата и контактот со вработените го остварувал телефонски. Ова не е потврдено до него, бидејќи тој побарал да биде контактиран подоцна.

Како што дознава „А1он“ од свои извори, сите вработени во телевизијата се во паника, а за тоа дека нивни колега е заболен од вирусот, дознале утрово од прес-конференцијата на министерот за здравство, Венко Филипче. Најголема паника владеела бидејќи заболениот имал контакт со поголем дел од вработените бидејќи имал и раководна функција во телевизијата.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет