БУЏЕТОТ Е НА СИТЕ ПА И НА ПОПОВИТЕ, ОЏИТЕ И ВЕРНИЦИТЕ: Се сменија времињата, сега ние атеистите почнавме да ги палиме на клада верниците и поповите!

Објавено на 10.04.2020 во 15:50:39 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Голема паника се крена во земјава што владата решила да ги помогне МПЦ и ИВЗ преку некаква стара програма за помош на нивните теолошки факултети.

Јасно е дека таа помош ИВЗ и МПЦ сега ќе ја искористат да им помогнат на своите попови и оџи кои останаа без приходи овие месеци а тие имаат семјства за ранење и сметки за плаќање.

Се кренаа одма атеистите и почнаа да урлаат со старата мантра за џиповите на владиците.

Но тие што возат џипови се десетина на број, останатите попови и оџи се скромни и живеат скромно и греота е сега да ги оставиме и нив и нивните семејства да се снаоѓаат самите.

Да оваа земја е ГРАЃАНСКА а не ТЕОЛОШКА, што значи законите кои владеат не се библиски, но тоа не значи дека буџетот е само на атеистите, и дека смеат да се помагаат само научни установи, треба да се помага се затоа што даноците ги плаќаме сите и атеиати и верници и фанатици и либерали и педери и конзервативци и народњаци...

Сите треба да се помогнат и ЛГБТ центри, и цркви и џамии и болници и факултети и научни лаборатории...

Велат, науката го лечи телото, но црквите и џамиите го лечат духот а важни се и двете.

Штом дојде ред јас атеист ова да го пишувам, значи ептен сме ја претерале работава. Дојде време ние атеистите и либералите да ги ставаме на клада верниците и поповите, а беше обратно пред неколку векови...

А само толеранција, соживот, слобода, секој нека живее како што сака и за сите нека има по малку помош, проста е работата!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија