ВУЧИЌ И ВУЛИН МАЛЦЕ ДА СЕ ПРИБЕРАТ, ЗАНЕСЕНИ ОД МОЌТА МИСЛАТ ДЕКА СМЕ ВО 90-ТИТЕ КОГА СРБИЈА БЕШЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ НА БАЛКАНОТ

Објавено на 16.05.2020 во 21:29:34 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ете го одговорот на наивните кои галамеа АМА ЗОШТО НИ ТРЕБА НАТО, КОЈ ЌЕ НЕ НАПАДНЕ?!?!

Се прават мутави како да не знаеме кој му направи атентат на Киро Глигоров, кој ни го зема сето оружје во 1990-та и со тоа драстично ни ја загрози безбедноста, како да не знаеме кој избрка 400 000 Косовари преку граница и ги втурна во наша територија со намера да направи хаос и војна, како да не се сеќаваме на изјавите на Шешељ дека Македонија ќе била срамнета со земја ако не биде мирна итн итн...

Ги гледате ли сега дрските бесрамни изјави на БРАЌАТА Вучиќ и Вулин, гледате ли колку не сака Србија?!?! Или си мисли само на себе?!

Во Белград совршено знаат дека поделбата на Косово ќе ја отвори пандорината кутија на Балканот и поделбата на граници ќе биде вечна тема, а на Балканот нема земја која е во своите етнички граници, во секоја земја има значителен процент малцинства па со тоа и "ТУЃА" ТЕРИТОРИЈА КОЈА ЧЕКА ДА БИДЕ ОБЕДИНЕТА СО МАЈКАТА...

Пендаровски совршено го знае тоа и прави притисок поделбата на Косово да не се случи и да нема размена на територии со Србија затоа што уште утре не чекаат исти идеи и кај нас, ние да сме дале дел од западна Македонија за Пустец и Голо Брдо... Таквите идеи беа актуелни пред 20 години и тоа нашата МАНУ ја отвори откако почна конфликтот со УЧК односно ОНА...

Пендаровски ги брани нашите интереси, Белград своите, но дрскоста на Вулин и Вучиќ само покажува колку се они занесени и мислат дека се ова 90-тите каде Србија беше страв и трепет за цел балкан...

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

  

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Одамна се тие времиња зад нас за среќа и време е Белград малце да се прибере и да се однесува како сосед кој е свесен дека сите земји имаат право на свои политики и свои изјави и национални стратегии и дека мора да покажат толеранција за сечии изјави и мислења.

Не може така дрско да се однесуваат, тоа не е пријателски, тоа не е комшиски, тоа не е во рамките на дипломатската и политичка пристојност.

Ако ништо друго, барем оние кои беа во транс дека само Србите не сакаат безгранично денеска се разбудија од тој сон!

Македонија е сега членка на НАТО со силна армија и нема што да се плаши на Белград како што се тресеа нашите Глигоров и Црвенковски во 90-тите на сите изјави од Белград и кога не знаевме кога ќе не нападнат, дали денес дали утре. Жива среќа беше тогаш што Хрватите им дадоа жесток отпор на Србите не можеа да си дозволат втор фронт иначе го бевме обрале бостанот!

Сега е друго време и ваквите изјави од Белград наместо ефект на заплашување и замолчување имаат само ефект на забеганост и одбивност и цепење на вечната поврзаност и блискост на Македонците и Србите...

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија