Вистинската причина зошто Драги Рашковски е толку омразена личност во Скопје

Објавено на 22.05.2020 во 10:27:00 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Македончето се поклонува пред успешни и убави.

Ги сожалува неуспешните и грдите.

Скопјаните пак ги потценуваат и исмеваат сељаците.

Е сега кога ќе се појави некое селанче успешно и не толку привлечно па и малце арогантно, е тогаш Скопјаните се во транс и ги мразат тие поединци 24/7 со целото свое битие...

Сега разбирам зошто Тоше Проески беше толку љубезен и скромен.

Да беше малку тронка арогантен, Скопјаните ќе го замразеа одма, тие не трпат успешни селанчиња кои не се клекнати на колена...

Затоа Марјан Стојановски не супеа во кариерата. Нити Мартин Вучиќ. Затоа го мразеа и цел живот Драган Вучиќ.

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

  

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Затоа Зоран Заев е толку скромен, кажува дека е човек од Муртино, селанче, со тоа им се малку додворува на Скопјани, инаку ќе го замразат за цел живот. Заев ги знае Скопјани, ги има добро дешифрирано.

Затоа е и таа толкава омраза кон Драги Рашковски. Албино, не толку личен, арогантен, генијален, со два доктората, заменик премиер е безмалку, со огромна моќ и успех, и тоа на Скопјаните им ги преввртува цревата.

Би го убиле да беше убиството легално.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија