Мицкоски: Да. го познавам Александар Верушевски. Tој e грижлив родител, посветен сопруг, голем патриот...

Објавено на 22.05.2020 во 19:24:08 часот | Македонија

На денешната прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потврди дека го познава Александар Верушевски, кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека пред четири години тајно го снимал во Струмица, а снимката од разговорот беше неодамна објавена.

– Да се познавам со господинот Александар Верушевски. Тој е грижлив родител и посветен сопруг, а она што можеби е значајно да го знаете е голем патриот – одговори Мицкоски на поставеното новинарско прашање.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет